октомври 23, 2014

Охрид, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Членовите на охридскиот бенд metalcore бенд Hardfaced го пополнуваат својот распоред со уште една најавена турнеја.

Овој пат станува збор за концертна промоција на новиот албум “Dying Lake”, кој го промовираа во Охрид, во клубот Jazz Inn.

Концертната промоција ќе започне на 1-ви ноември. Бендот ќе настапи во поголем број европски градови. Првиот концерт е на 1-ви ноември во Софија, следниот ден се во Виена. На 4-ти и 5-ти ноември настапуваат во белгиските градови Херентхаут и Рошфорт. Во Германија ќе настапат на 8-ми ноември во Магдебург, а на 10-ти во Келн. Потоа следи настап во Падова – Италија, на 13-ти ноември, а следниот ден во Трбовље, Словенија. Концертите ќе завршат со настап во Крагујевац, Србија, на 15-ти ноември и 22-ри во Скопје.

Албумот е во издание на продуцентската и промотерска куќа Diehard records.

Hardfaced го сочинуваат: Димитар Савески – вокал, Климент Велјаноски – вокал, Горан Велјаноски – гитара, Јован Наумоски – гитара, Игор Снегар – бас и Јордан Маленко – тапани. Бендот е моментачно еден од најрепрезентативните алтернативни македонски бендови во странство. Летово настапија на Егзит фестивалот во Нови Сад, по втор пат во нивната кариера. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука