февруари 4, 2015

Скопје, 04. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Црвениот крст на Република Македонија информира дека е потребно да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење.

Согласно направената проценка, информираат од Црвениот крст во моментот, има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција). Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, со адреса ул. „Момин Поток“ бб, телефон за контакт: 3114 – 355.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош – жиро сметка на

Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ
4030984271620 – Комерцијална банка

Или со донирање 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400.

Хуманитарната акција ќе трае до 15 февруари. Црвениот крст на РМ дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување конкретна материјална помош.

Од Црвениот крст упатуваат благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Потенцираат дека согласно сопствените капацитети тие веднаш се вклучиле во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им била дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука