Охрид, 19. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала при Основното училиште „Живко Чинго“ во Велгошти, денеска се одиграа општинските натпревари во ракомет во машка и женска конкуренција за средни училишта на кои најуспешни беа екипите од Охридската гимназија.
– На првиот натпревар помеѓу Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ подобри беа „економистите“ со резултат 28:23 и го заслужија финалето со „гимназијалците“. Во женска конкуренција имаше пријавени две екипи, едната од Охридската гимназија, а другата од средното економско училиште. Подобри беа гимназијалките со резултат 13:6, информира професорот Наум Јамандиев.
Во машкото финале во неизвесен натпревар гимназијалците ја однесоа победата со резултат 17:15 и заслужено ги продолжуваат натпреварите во зонска конкуренција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива