февруари 4, 2015

Барселона, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Управата на кошаркарскиот клуб Барселона соопшти дека тренерот Чави Пасквал го продолжил договорот со клубот до јуни 2017 година.

Пасквал на кормилото на каталонскиот тим е од 2008 година, а со Барселона освои 11 трофеи, меѓу кои и титулата во Евролигата во 2010 година.

Барселона во шпанското првенство се наоѓа на петтото место додека во топ 16 фазата на Евролигата има три победи и два порази. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука