февруари 4, 2015

Белград, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Автобус на српската компанија „Ласта“, кој сообраќал на линијата Сплит – Белград, се превртел утрово околу 03:30 часот кај местото Поповача, при што се повредени 13 лица.

Од компанијата соопштуваат дека со возилото во моментот на несреќата се превезувале 17. патници, а според првичните информации, никој од патниците не бил посериозно повреден. Едно лице било префрлено во болница во Загреб, четири лица биле згрижени во Поповача, а 12 биле префрлени во болницата во Сисак на дополнителни прегледи.

Хрватските медиуми наведуваат дека меѓу полесно повредените биле и три деца, на возраст од 4 до 10 години. (Крај)

извор: ОхридПрес/Б92 фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука