февруари 4, 2015

Охрид, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на Прличевите чествувања, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, ќе организира два настани.

Утре со почеток во 11:00 часот во Прличевата одаја на библиотеката ќе биде промовирано ЦД изданието за животот и делото на Григор Прличев. Изданието е продолжение на она кое беше издадено минатата година, а се однесуваше на раните години од животот на Прличев. Второто продолжение, се однесува на животот и делото на Прличев по издавањето на поемата „Сердарот“.

Во петок, 6-ти февруари, ќе се одржи Беседа за Прличев, како и традиционалната Охридска визита. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука