ноември 10, 2023

Белчишта, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма, ООУ „Дебрца“ денеска го прослави патрониот празник на училиштето.

Најмладите пред присутните се претставија со музички, драмски и балетски точки. Беше подготвен и рецитал, како и пригодни песнички и танци.

Пред присутните се обратија и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, како и директорката, м-р Билјана Славевска, која ги додели наградите на најдобрите на литературниот и книжевниот конкурс кој беше распишан на тема „Ние сме деца на иднината“.

Денеска во Општина Дебрца се одржа и пригодна свеченост со која се одбележаа 80 години од формирањето на Првата Македонско-косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада. Пред споменикот во селото Сливово делегации на ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца и на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија положија свежо цвеќе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука