ноември 22, 2023

Охрид, 22. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Братство Единство” Охрид беше домаќин на општинското првенство во шах за основни и средни училишта во организација на Сојузот за училишен спорт.

Учествуваа основци и средношколци од охридските училишта, поделени во неколку категории.

Најдобрите од секоја категорија ќе учествуваат на државното првенство, што на 30-ти ноември ќе се одржи во Крива Паланка.

Постигнати резултати на основците и средношколците кои се пласираа на државното првенство:

Категорија 6-9 одд девојчиња

1.Лушеска Емилија 9 одд – ОУ „Братство Единство“

2.Целеска Емилија 7 одд – ОУ „Братство Единство“

3.Чулческа Анастасија 9 одд – ОУ „Ванчо Николески“, Лескоец

Категорија 6-9 одд момчиња

1.Танкоски Крсте 9 одд – ОУ „Григор Прличев“

2.Молкоски Димитри 9 одд – ОУ „Григор Прличев“

3.Шапкароски Михаил 6 одд – ОУ „Живко Чинго“, Велгошти

Средно образование

1.Лушеска Елена 2 год – ОСУ „Св. Климент Охридски“

2.Змејкоска Снеже 4 год – ОСУ „Св. Климент Охридски“

Средно образование

1.Велкоски Иван 3 год – ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

2.Лушески Константин 4 год – ОСУ „Св. Климент Охридски“

3.Никола Целески 4 год– ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Категорија 4 и 5 одд

1.Томоски Марко 5 одд – ОУ „Григор Прличев“

2.Пероски Иван 5 одд – ОУ „Григор Прличев“

3.Матески Давид 5 одд – ОУ „Братство Единство“

Категорија 4 и 5 одд- девојчиња

1.Реџеп Ајдан 5 одд – ОУ „Братство Единство“

2.Цветкоска Искра 5одд – ОУ „Григор Прличев“

3.Момироска Ивана 5 одд – ОУ „Св. Климент Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука