ноември 25, 2023

Охрид, 25. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти ноември 2023 година, полициски службеници од отсекот за превенција, заедно со волонтери од Црвениот Крст во Охрид, во Основните училишта „Св. Наум Охридски“ во селото Пештани и „Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј, го реализираа проектот „Кажи не на дрогата – да на животот“.

Целта на едукативниот проект е низ непосредни интерактивни предавања, да се делува за сузбивање на асоцијалното однесување кај младите како и информирање за штетните последици и негативното влијание од употребата на дрога. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука