декември 1, 2023

Охрид, 1. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во ООУ „Св. Климент Охридски“ денеска се спроведоа активности за подигнување на јавната свест и истите да бидат што повеќе вклучени во секој сегмент од општествениот живот.

– Во соработка со инклузивниот дефектолог Елена А. Манчевска и образовниот асистент Гордана Јанческа беа организирани работилници во V одделение за надминување на предрасудите и поголемо прифаќање на атипичните лица. Учениците преку низа интересни активности дознаа за значењето на различностите, другарството и почитувањето, да покажат трпение, љубезност и да се однесуваат со почит кон другите, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука