февруари 4, 2015

Осло, 04. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Долгиот престој пред телевизори, компјутери, паметни телефони, таблети или конзоли за игри ги спречува луѓето лесно да заспијат.

Затоа им е потребно повеќе време за да заспијат, а навидум мислат дека се работи за несоница, но е всушност посебен синдром на блага возбуда, да не прошуштиле нешто во меѓувреме што се случило на интернет или на телевизија.

Најновото истражување било спроведено меѓу 10 000 норвежани на возраст меѓу 16 и 19 години. Овој ризик се засилува со 49 отсто кај луѓето, кои седеле пред екран повеќе од 4 часа дневно.

Најголем ризик за лош сон има за оние кои непосредно пред да си легнат, биле пред екранот.

Младите и адолесцентите имаат потреба физиолошки од 8-9 часа исполнет сон, за да се во форма на следниот ден. Оние кои имаат навика да поминуваат повеќе од два часа дневно во следење на интернет, ризикуваат да спијат не повеќе од пет часа во текот на ноќта. (Крај)

извор: ОхридПрес/BBC фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука