Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одлични резултати постигнаа двајца охридски гимназијалци на Државното првенство во шах за средни училишта за 2023 година.
Константин Лушески го освои второто место во машка конкуренција, додека во женска конкуренција Снежана Змејкоска го освои третото место.
Шахистите се натпреваруваа по Швајцарски систем во 6 кола, со темпона игра 10 мин+5 сек додаток на секој потег. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1