декември 30, 2023

Охрид, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На иницијатива и со помош на професорот по информатика Дарко Цветкоски, ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид ја покажаа својата хуманост и од старо направија ново.

– Многу стари компјутери ги претворија во нови и истите ќе им се донираат на оние на кои им се најмногу потребни како Новогодишни подароци. Ова е само прв дел од акцијата која ќе се спроведува во тек на целата 2024 година и во која секој ќе може да се вклучи донирајќи IT опрема која подоцна ќе биде средена и на крај донирана, информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Светот им припаѓа на децата, вели проф. Цветкоски.

– Се надевам ова ќе прерасне во традиција секоја наредна година. Поканети и добредојдени се сите кои на било кој начин можат да придонесат или донираат, додава тој.

Професорот и учениците кои беа вклучени во целата акција испраќаат многу љубов и честитки за новата година до сите, со желби за уште поголем број вакви и слични акции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука