јануари 6, 2024

Струга, 6. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јануари 2024 година, во 09:00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници привеле 45-годишно лице од Аргентина, со италијанска патна исправа, затоа што при проверка во оперативната евиденција било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата.

– Лицето било предадено во Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука