февруари 5, 2015

Софија, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија ќе биде отворена изложбата „Конекција 2”.

Ќе се претстават осум уметници од различни градови во Македонија, поранешни студенти на Националната ликовна академија во Софија.

Меѓу уметниците ќе се претстават охридските уметници Зоран Мише, магистер од одделот „Графика” и Павел Целкоски, исто така магистер на оддел „Графика”.

Мише и Целкоски и во 2012 година беа дел од Првата изложба од концептот „Конекција 2”. Минатата година, пак, се организираа изложби во Велико Трново во  галерија „Таралеж” и Благоевград  во аулата на Југозападен Универзитет „Неофит Рилски”, каде исто така се вклучија охридските графичари Зоран Мише и Павел Целкоски. Тие се членови на Центарот за културен проток АРТерија од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука