Охрид, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Потпишана повелба за збратимување на ДСД „Никола Карев“ од Охрид и средното училиште „Св. Трифун“ со дом за ученици од Александровац, Република Србија.
Повелбата ја потпишаа директорот на охридскиот дом Жарко Куциноски и директорот на училиштето Бранко Рајчиќ.
Потпишувањето на повелбата е круна на долгогодишната одлична соработка меѓу двете институции и во иднина ќе биде од полза за учениците и студентите.
Неодамна ДСД „Никола Карев“ се збратими со Домот за ученици и студенти од Беране, Црна Гора, како продолжение на претходните меморандуми за збратимување со со студентски и ученички домови од Србија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1