февруари 5, 2015

Њујорк, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Силите за брза реакција на НАТО треба да бројат 30 000 луѓе, а ударната група 5.000 лица, изјави Генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг.

– Сакам да истакнам дека сите одлуки, кои денеска ќе ги донесат министрите за одбрана на Алијансата за составот на силите за брза реакција, се исклучително одбранбени, истакна Столтенберг.

Според објаснувањето ова ќе биде реакција на активностите на Русија во Крим и Украина. (Крај)

извор: ОхридПрес/бгнес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука