Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид започнува со кратки информативни online сесии за предностите на студирањето во Охрид, наменети за идните студенти.
Дознајте повеќе за ФТУ Охрид и можностите да се студира во Охрид. Секој втор четврток во 12:00 часот почнувајќи од денеска, 29-ти февруари 2024 година приклучете се и дознајте:
– Зошто ФТУ Охрид би бил ваш избор,
– Што можете да студирате на ФТУ Охрид,
– Какви кариерни можности ви се отвараат,
– Што е потребно и кога можете да се запишете,
– Колку чини да се студира на ФТУ Охрид,
– Какви алтернативи за смесување има и
– Дали има можности за дополнително финансирање (пр. преку стипендии).
Регистрирајте се со внесување на вашата email адреса и ќе ви биде испратен линк за да се приклучите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес