февруари 5, 2015

Охрид, 5. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Тематските музички забави во Кадмо Лаунџ Бар продолжуваат до крајот на неделава.

Утревечер, 6-ти февруари, посетителите на лаунџ барот ќе ги забавува охридскиот музичар, кантавтор и интерпретатор Петар Маркоски. Маркоски ќе ги исполни најголемите македонски и странски поп, поп-рок и рок хитови, кои се дел од неговиот редовен репертоар на свирки. Настапува и соло, но и како дел од квартетот Петар Маркоски Квартет.

Со unplugged свирката од Кадмо Лаунџ Бар ја продолжуваат оваа недела на свирки во живо, со различни музички стилови, наменети за сечиј вкус. Поради големиот интерес кај публиката, пожелни се резервации за утрешната свирка.

Настанот е по 22:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Пеце Настески

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука