март 14, 2024

Охрид, 14. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Градски гробишта“ започнаа со активности за чистење на дивата депонија во близина на муслиманскиот дел од Градските гробишта.

До сега со помош на механизација се отстранети околу 100 метри кубни шут , а активностите за чистење ќе продолжат до целосно расчистување на просторот.

– Проблемот со оваа депонија е направен од страна на претходната локална власт поради несоодветно депонирање на градежниот шут и други видови на отпад oд ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Нискоградба“, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука