март 17, 2024

Струга, 17. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти март 2024 година, во 09:15 часот било пријавено дека во Струга на улицата „Боро Хаџиески“, патничко возило марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 28-годишно лице од Кавадарци, удрило во 71-годишна жена од Струга.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука