март 17, 2024

Скопје/Охрид, 17. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Објавуваме скандал со непотизам во општина Охрид, цела една испреплетена шема на ДПМНЕ и Кирил Пецаков, порача на денешната прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Градоначалникот од ДПМНЕ, близок на Христијан Мицкоски стокмил роднини, пријатели, фамилијарни и блиски челнови на ДПМНЕ во Охрид. Да почнеме по ред. Ова е шемата на непотизмот на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид:

1. Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид. Сестрата на неговата сопруга, Билјана е вработена во Општинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“.

2. Александар Китески е близок на Пецаков и ДПМНЕ и моментално е Секретар на Општина Охрид. Неговата сопруга, Елена Китеска е вработена во Основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје. И сестрата на сопругата на Китески, Кристина е исто така вработена во институција под надлежност на општината, односно во ЈП „Охридски комуналец“. Роднина на Китески, Ристе пак е правен застапник на истото претпријатие ЈП „Охридски комуналец“ и претседател на ГРК „Охрид“ А.Д. Кумашинката на Китески, Ана Србиновска е вработена во Општина Охрид, а кумашинот Андоновски е директор на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.

3. Директор на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, Сашо Најдовски исто така е пријател на Пецаков. Кумашинката Оливера е вработена во истото Јавно претпријатие, ЈП „Охридски комуналец“. И баџанакот Душко Шајноски е исто така вработен во ЈП „Охридски комуналец“ и на раководна позиција.

4. Илија Арнаудоски е поранешен претседател на Месниот комитет на ДПМНЕ во Велгошти и вработен во Капетанијата. Неговата сопруга, Ангела е вработена во Општина Охрид под капата на Пецаков.

5. Секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ е Коста Арнаудов. Неговата сопруга е вработена во Јавното претпријатие „Водовод“.

6. Раководителот на Секторот за Урбанизам ја унапреди својата сопруга Катерина во раководител на правна служба во Општина Охрид.

7. Вујкото на Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, пак е вработен во ЈП „Нискоградба“, истакна Кузеска на денешната прес конференција.

Таа додаде дека ништо не е променето во ДПМНЕ, и дека непотизмот, партиските и фамилијарни вработувања на грбот на граѓаните се нивна одлика.

– Глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад, кој значи вдомување партиски кадри, роднини и пријатели на избраните функционери на оваа партија, потенцираше Кузеска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: СДСМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука