Белград, 4. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција откри дека се уапсени две лица за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
– Го признаа убиството. Сега ги водат органите до местото каде што го фрлиле телото на детето, изјави Вучиќ.
Потсетуваме дека малата Данка исчезна во вторникот околу 13:45 часот и оттогаш и’ се изгуби секаква трага. Полицијата во неколку наврати со најсовремена опрема го пребаруваше просторот во Бањско поле, но не беше пронајден материјален доказ што можеше да укаже на тоа што се случи со двегодишното девојче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 2