мај 1, 2024

Охрид, 1. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Депонијата гори, густ чад излегува и се шири неподнослива миризба, коментираат читатели на OhridPress кои доставија и фотографии од депонијата „Буково“, која и денеска продолжува да гори.

– Фотографиите се направени околу 15:00 часот. Гори и излегува густ чад од депонијата. Ова ги помина сите граници, чадот и отровите доаѓаат кон градот, реагираат револтирани читатели на OhridPress.

Периодов наназад, како решение за овој проблем се посочува регионалната депонија во општина Новаци, која требаше да биде готова во оваа година. Оваа депонија е дамнешно ветување кое треба да стави ред во оваа област во Охрид, Струга, Кичево и Битола, каде во моментов има бројни диви депонии каде се одложува ѓубрето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука