мај 2, 2024

Охрид, 2. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. мај 2024 година, во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 5 во Охрид, 2 во Струга, 1 во Кичево и 2 во Дебар. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука