мај 4, 2024

Охрид, 4. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот Велигденски празничен викенд се очекува да донесе зголемен број посетители во туристички Охрид.

Според најавите од хотелиерите, сместувачките капацитети ќе бидат солидно исполнети. Ако на ова се додаде и големиот број домашни гости, особено оние кои имаат сопствени станови во Охрид, сепак ќе имаме солидна исполнетост за најголемиот христијански празник во Охрид.

Метеоролозите за викендов најавуваат променливо облачно време со услови за помали, локални врнежи од дожд.

Велигден и први мај секогаш се најава за престојната туристичка сезона во Охрид. Да се надеваме дека ќе имаме успешна сезона, исполнета со бројни гости во преубавиот Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука