Охрид, 10. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Ванчо Николески“ од селото Лескоец денеска ќе го одбележи Патрониот празник.
– Предвидена е свечена приредба што на тема „Уметноста е јазик на душата“ ќе се одржи во петок, на 10-ти мај 2024 година, со почеток во 19:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Ве очекуваме, порача директорот Сашо Климоски.
ООУ „Ванчо Николески“ се наоѓа во центарот на селото Лескоец, оддалечено 3 километри од Охрид и припаѓа на таа општина. Во својот состав ги опфаќа училиштето во Лескоец и подрачните училишта во селата Косел и Куратица, како и подрачната паралелка во селото Ливоишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1