мај 10, 2024

Охрид, 10. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Значително подобрено нивото на водата во Охридското Езеро и е надминат просекот за овој период од годината.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,70 м.н.в што е за 5 сантиметри над просекот за мај (693,65 м.н.в) и за 60 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).

На почетокот на мај водостојот беше на просечната кота, а во изминативе десет дена порасна за цели пет сантиметри.

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– До петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука