мај 11, 2024

Охрид, 11. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хорот на ООУ „Христо Узунов“ од Охрид го освои првото место на државниот натпревар кој се одржа во Скопје.

– Пееме, се натпреваруваме, победуваме. На државниот натпревар кој се одржа денес, 11-ти мај 2024 година во Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје нашиот хор, под менторство на наставникот Бојан Лушкоски освои прва награда, информираат од училиштето.

 

Пееме, се натпреваруваме, победуваме!
На државниот натпревар кој се одржа денес 11.05.2024 година во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје нашиот хор под менторство на наставникот Бојан Лушкоски освои прва награда!

Posted by ООУ ,,Христо Узунов” – Охрид on Saturday, May 11, 2024

На државниот натпревар забележителен успех и за училишниот хор при ОУ „Братство Единство“.

– Освоивме Гран при награда со 99 поени на државниот натпревар. Најдобри сме во Македонија, информира диригентот Бурим Хидри.

извор: ОхридПрес фото/видео: ООУ „Христо Узунов“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука