мај 12, 2024

Подгорица, 12. мај 2024 – Познатиот радио водител од охридското Супер радио и вљубеник во природата и планините Жанко ЗШ Голабоски, преку фотографии и видеа денеска ја долови убавината на Острошкиот манастир, токму денес, за големиот празник на Свети Василиј Острошки.

– За многу години. Господ здравке на сите, напиша Голабоски во објавата.

 

Posted by Zanko Zsh Golaboski on Saturday, May 11, 2024

Ова духовнoто светилиште изградено во чест на свети Василиј Острошки, високо на карпите на излез од Даниловград во Црна Гора. Се смета за едно од најсветите места на Балканот и претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си.

 

Posted by Zanko Zsh Golaboski on Saturday, May 11, 2024

Самиот пат и пристапот до ова свето место е вистински подвиг и предизвик. Патешествието води низ густата шума е полно со остри кривини од каде се наѕира Горниот и има прекрасна глетка кон Долниот манастир. Поподготвените и физички посилните можат да го поминат патот и пеш, загледани во убавината која се надвиснува над нив.

Свети Василиј се родил во селото Мркоњиќ, Попово Поле во хумската земја, денешна Херцеговина, на 28-ми декември 1610 година. Уште како дете се одликувал со бистар ум, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужби. Некои соседи, потурчени Срби, ги замразиле неговите родители и тоа го пренеле и врз нивното дете. За да го заштитат од непријателите, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен „Завала“, посветен на Воведение на пресвета Богородица. Таму првпат кај него се јавува желбата за замонашување. Потоа заминал во манастирот „Успение на пресвета Богородица“ во Тврдош, во требињскиот крај, кој бил седиште на истоимената епархија.

Има работи земни и работи небесни. Некаде овие две се сретнуваат и си подаваат рака едни со други, огреани на лицата на оние кои вистински веруваат и ја прифаќаат волјата Негова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Жанко ЗШ Голабоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука