мај 12, 2024

Струга, 12. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здружената алијанса на туристички оператори од Македонија, денеска во струшкиот хотел „Изгрев“, оствари средба со повеќе претставници од авио компанијата „Ербалтик“ од Рига-Латвија и 10 други тур оператори од Латвија, Естонија и Литванија.

– Целта на состанокот е евалуација на фам-информативното туристичко патување низ земјава, наменето за повеќе претставници од авио компанијата „Ербалтик“ од Рига, Латвија и тур-операторите од Литванија, Латвија и Естонија со кое, тие ги запознаа убавините на Македонија. Фам-информативното патување, отпочна на 10-ти и ќе трае до 14-ти овој месец кога е предвидено, претставниците на странските тур оператори да посетат и други значајни туристилки дестинации во Македонија, информираат од Алијансата.

Додаваат дека „Фибула Травел Македонија“, „Симониум травел“ и „Балкан прајм турс“, ќе соработуваат за посилна промоција на Македонија и на охридско-струшкото крајбрежје како атрактивна туристичка дестинација, што доаѓа по неодамна воспоставената редовна авио линија Рига-Скопје на која, според постигнатиот договор, ќе се лета до ноември годинава, со можност да биде продолжена и понатаму. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука