јануари 24, 2015

Охрид, 11. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Dj и продуцент Regie Rules на сите фанови на популарниот Даниел Кајмаковски им го подарува неговиот ремикс на евровизиската „Лисја есенски“, песна која е голем хит во моментов во Македонија.

Dj Regie Rules е веќе добро познато име во охридските и струшките кафе барови и ноќни клубови, а од неодамна е дел и од екипата на Супер радио, каде секој вторник слушателите можат да ги слушаат неговиот музички избор во неговата емисија „Into the groove“ во терминот од 22:00 до 23:00 часот.

Песната можете да ја слушнете и симнете ОВДЕ. (Крај)

извор: Инпрес фото: Инпрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука