мај 16, 2024

Охрид, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на мај и јуни 2024 година, охридските основци ќе имаат можност да се запознаат со условите за посетување настава во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

– Во сите работни денови во мај и јуни ќе можете да се запознаете со: наставните програми и подрачја, нашето учество во Еразмус плус програмата, освоените награди на регионални и државни натпревари, како и со слободните воншколски активности. Драги основци, ќе можете да ги посетите и нашите школски часови, порачуваат од ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука