јануари 26, 2015

Атланта, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) Атланта и Голден Стејт кои се лидери во своите конференции синоќа ги продолжија своите победнички серии, откако славеа над Минесота, односно Бостон.

За Атланта ова беше 16-та последовна победа, додека Голден Стејт по 19-та пат во низа победи на домашен терен.

Атланта ја победи Минесота со 112-100 и сега има скор од 37 победи и осум порази, додека Голден Стејт го совлада Бостон со 114-111.

На останатите дуели беа постигнати следниве резултати:

Чикаго – Мајами 84:96,
Кливленд – Оклахома 108:98
Феникс – Лос Анџелес Клиперс 100:120
Њу Орлеанс – Далас 109:106
Орландо – Индијана 99:106
Сан Антонио – Милвоки 101:95
Торонто – Детроит 114:110
Денвер – Вашингтон 115:117 (по продолжение)
Лос Анџелес Лејкерс – Хјустон 87:99

извор: Спорт ТА фото: НБА

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука