јануари 26, 2015

Доха, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС)Селекциите на Хрватска и Шпанија се нови четвртфиналисти на СП во ракомет, приклучувајќи им се на Словенија и Катар кои претходно изборија  пласман во наредната нокаут рунда.

Шпанија лесно славеше над Тунис со 28-20, додека многу понеизвесно беше на натпреварот помеѓу Хрватска и Бразил.

Бразилците играа фантастично прво полувреме кое го добија со 15-13, но на крајот загубија со 26:25.

Во следната коло Хрватска ќе игра со победникот од мечот Шведска – Полска, додека Шпанија ќе го очекува подобриот од мечот меѓу Исланд и Данска.

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука