јануари 27, 2015

Мелбурн, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Чешкиот тенисер Томаш Бердих обезбеди пласман во полуфиналето на отвореното првенство на Австралија со убедлива победа над шпанецот Рафаел Надал.

Чехот синоќа играше фантастично и за 2 часа и 13 минути го победи третиот носител на турнирот со 6-2, 6-0, 7-6.За Бердих ова е прва победа над Надал по 17 порази во низа во меѓусебните дуели. Во полуфиналето Бердих ќе игра против Енди Мареј кој го совлада домашниот играч Киргиос со 6-3,7-6,6-3 .

MarejKirjos

Кај дамите ќе гледаме руско полуфинале по победата на Екатерина Макарова над Симона Халеп со 6-4, 6-0 и триумфот на Марија Шарапова која славеше против Ежени Бушар со 6-3, 6-2.(Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука