мај 29, 2024

Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Потпишан мемурандум за збратимување меѓу СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид и Средната школа „Дољевац“ од Ниш, Република Србија.

Со ова се отвораат можности за размена на знаење и искуство помеѓу професорите и учениците со цел подобрување на квалитетот на образовниот процес.

– Во периодот од 21-ви до 23-ти мај гости ни беа колеги професори од Средна школа „Дољевац“. Разговаравме за наши идни заеднички проекти и соработки, споделивме искуства и ширевме позитивна енергија. За време на престојот, покрај дискусиите за можните начини на соработка, гостите имаа можност да ги видат природните убавини на Охрид и да се запознаат со културно – историските вредности на нашиот град, информираат од охридското средно училиште.

Во рамки на посетата била остварена и средба со конзулот на Србија во Охрид, а гостите се запознале со начинот на изработка на охридските бисери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука