февруари 6, 2015

Охрид, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Прличевите чествувања покрај главната манифестација на доделување на Прличевата награда, која се одржа вчера, продолжуваат и во текот на денешниот ден.

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска ќе се одржи Беседа за Прличев.

Додека во Спомен куќата на Прличев во 13:00 часот ќе се одржи Традиционалната Охридска визита.

Вчера библиотеката го промовираше продолжението на ЦД-то за животот и делото на поетот Прличев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука