Охрид/Струга, 31. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Забележителен успех на учениците од РЦСОО„Ванчо Питошески“ од Охрид на натпреварот по угостителство и туризам – готвачи „Young Cheff Struga“, во организација на СОУ„Нико Нестор“ од Струга.
Од охридското стручно училиште учествуваа Никита Мишевски, Валентин Матоски и Фикрет Шаќироски, под менторство на професорот Војо Ангелоски.
Учениците се натпреваруваа во приготвување ладно предјадење од риба, главно јадење од риба и десерт по желба и во сите категории го освоија првото место. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1