Охрид, 1. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на проф. Наум Јамандиев, и оваа година ја продолжија традицијата и ја реализираа планинарска тура на Галичица.
– Традиционално завршна планинарска тура за 2023/24 на Гимназијалците. Пот, прашина и челична желба, за по 22 километри групата да пристигне во селото Велестово. Честитки за учесниците и подржувачите на оваа планинарска тура која го прослави јубилејот 25 години и преку 10.000 ученици кои ја реализираа. Да сме здрави и живи и да си исчекаме за 30 години, порача професорот Јамандиев, кој ја спроведе турата со голема помош на активистот, радио водител од Супер радио и вљубеник во природата Жанко ЗШ Голабоски.
Планинарскиот марш е веќе традиционален и се реализира во рамките на вонучилишните активнсти и проектната активност „планинарење“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива