јуни 2, 2024

Охрид, 2. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20-ти мај, денот кој православните верници го одбележуваат во чест на Св. маченик Талалеј.

Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса. По професија бил лекар.

Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници.

Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стопалата на светиот, па најпосле џелатите мораа да му ја отсечат главата. Така пострада свети маченик Талалеј во 284 година.

Тропар

Откако се покажа како сострадалник оружник на мачениците, стана извонреден војник на Царот на славата; со искушенија и маки си ги уништил олтарите на идолослужителите, затоа го воспеваме твојот чесен спомен, мудри Талалее. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука