февруари 6, 2015

Лондон, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Безалкохолните пијалоци, а посебно газираните се незаменлив дел од менито на многу луѓе.

Според една студија, нивната потрошувачката е во просек околу 113 литри годишно.

Постојат неколку причини поради кои треба луѓето да го намалат консумирањето на газирани пијалоци, а ако е возможно и да ги исклучат сосема.

Газираните пијалоци го забрзуваат процесот на стареењето.

Луѓе кои пијат две лименки безалкохолни пијалоци на ден, стареат побрзо од оние кои никогаш не пијат.

Газираните пијалоци ја поттикнуваат желбата за шеќер

Со испиени само две чаши газирани пијалаци дневно, тоа ги тера луѓето да сакаат шеќер уште повеќе.

Газираните пијалоци се поврзуваат и со појавата на ракот

Кај жените кои пијат повеќе од три вида газирани пијалоци неделно, ризикот да развијат рак на дојка може да се зголеми.

Газираните пијалоци ги оштетуваат коските

Тоа е така, поради содржината на големо количество фосфорна киселина, кој дава силен вкус и скокотливост при голтање. (Крај)

извор: ОхридПрес/Дејли мејл фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука