Охрид, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Седмоодделенките Елена Секулоска и Ели Богоевска освоија прво, односно второ место на Државниот натпревар по македонски јазик и литература.
Тие се ученички во ОУ „Григор Прличев“, а ментор им беше професорката Лилјана Ставреска.
– Да се добие државна награда на натпревар по мајчин јазик покажува за врвни вештини во разбирање, пишување и користење на јазикот, што го потврдува талентот и ангажираност кон неговото напредување. Горди сме на вакви ученици кои го чекорат Прличевиот пат на писменоста, велат од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 2