февруари 6, 2015

Вашингтон, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се подготвени веднаш да ги преземат обврските кои произлегуваат од полноправното членство во НАТО алијансата.

Македонија продолжува со својот придонес во меѓународните мировни мисии, меѓу кои и мисијата “Одлучна поддршка”, со што се одржува континуитетот во поддршката за воспоставување на мир, демократија и просперитет на глобално ниво.

Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски на вчерашниот состанок во американскиот Стејт департмент со Хојт Ји, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија. Министерот Јолевски и заменик-помошникот секретар Ји разменија мислења и за реформските процеси во Армијата, како и за безбедносната состојба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.

Членовите на американскиот Сенат на средбите со министерот Јолевски дадоа недвосмислена поддршка за членството на Македонија во Алијансата и изразија благодарност и исклучително високо мислење за способностите на припадниците на АРМ покажани во мисиите во Авганистан и Ирак. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука