јуни 14, 2024

Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Водовод“ од Охрид ги известуваат корисниците од населбата „Охридати“, дека е настаната контаминација на водата за пиење во и околу мерното место населба „Охридати“ во Охрид.

– Од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) од Охрид земена е повторно вода за анализа од ова мерно место и се додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу ова мерно место во населбата „Охридати“, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ТвМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука