октомври 23, 2014

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид  вечерва, во пресрет на утрешниот државен празник – Денот на Македонската револуционерна борба, се пресели во новите сопствени простории.

Станува збор за простор од 123 метри квадратни во зградата на фирмата „Ремис“ кај старата автобуска станица.

Според претседателот на охридскиот комитет на оваа партија Атанаско Михаилов, новите простории ќе овозможат подобри услови за работа на членството, а со самото тоа и реализација на предвидените проекти за граѓаните, како и подобра коминикација со централата во Скопје и со останатите општински разграноци на партијата.

vmronovstab2

– Новите простории се во сопственост на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а се обезбедени за потребите на комитетот во Охрид. На влезот од објектот има пријавница, канцеларија за секретарот и аналитичкиот центар на партијата, голема, но и мала сала за состаноци, како и два тоалета. Ова се оптимални услови за да работи еден општински комитет. И од технички аспект,  имаме се што ни е потребно за современо работење преку аналитичкиот центар, како што е на пример компјутерскиот систем поврзан со телевизори преку кои можеме за време на избори интегрално да ги следиме и да ги добиваме резултатите, изјави Михаилов.

На свеченото отворање на новата матична куќа на охридскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа сегашни и поранешни пратеници од редовите на оваа партија, директори на установи и институции, како и бројни членови и симпатизери на партијата од Охрид.

Супер радио/А.Р.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука