Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 9 часа, до 17:00 часот, најмногу воден талог во државата наврна во Охрид – 11 l/m².
– Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената , информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Во Охрид денес променливо облачно време, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец. UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.
– Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време, потенцираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес