Охрид, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 5-ти јули 2024 година, во 20:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“.
Оваа четврта едиција на изложбата „Антологија“ е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ „Завод и Музеј“ од Охрид.
На изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски.
Куратор на изложбата ќе биде м-р Сашо Блажески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива