февруари 7, 2015

Бостон, 07. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Постојат возрасни, чии мозоци не стареат заедно со нив, утврдија истражувачите од северозападниот универзитет Фајнберг во САД.

Се покажало дека сивата материја на некои 80-годишни луѓе е со квалитетите на 30-години помлад човек. Постојат одредени црти, според кои се разликуваат т.н.. “супер возрасни”, кои го задржуваат помнењето како и помладите лица од нив.

Научниците се надеваат дека оваа анализа може да им помогне на специјалистите да откријат нови лекови против деменција и Алцхајмерова болест. (Крај)

извор: ОхридПрес/novinite фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука