февруари 7, 2015

Скопје, 07. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 13-ти февруари во Жена парк Скопје, ќе се одржи Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите.

Хонорарците остануваат на барањата:

– Да се повлечат законските измени со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите

– Преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнатото вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што на работниците не им се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување

– Да се повиши или укине највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од плата кои сега изнесува 6 просечни плати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука